Хранлив, посен и богат со протеини... Хумусот е „цар“ во здравата исхрана, особено кога се стремите да консумирате што повеќе намирници од растително потекло.
Се приготвува екстремно брзо, а може да се складира во фрижидер со денови, па кога и да сакате здраво мезе или лесен оброк, ќе ви биде на дофат.
Основата, која обединува наут, лимонов сок, таан, маслиново масло и лук, може да биде надградена со неброени состојки за секогаш да изненадувате со нови и нови вкусови, па и бои.
Покрај „стандардната“ варијанта, ние експериментиравме со спанаќ и цвекло за поколоритна трпеза. Еве и како:
Состојки
240 гр | наут (1 конзерва) |
2 лажици | таан |
1 лимон | цеден |
2-3 лажици | екстра девствено маслиново масло Брилијант |
2-3 чешниња | лук |
сол |
Подготовка
Во блендер ставете таан и исцедете го лимонот. Накратко блендирајте.
Додајте ги маслиновото масло и лукот иситнет на мали парчиња или истолчен. Блендирајте една минута.
Во смесата прво изблендирајте половина од наутот, а потоа додајте го и преостанатиот наут и посолете по вкус.
Совет: Доколку користите наут од конзерва, зачувајте дел од течноста, која се нарекува аквафаба. За да добиете помазен и покремаст хумус, на крајот можете да додадете неколку лажици „аквафаба“ или маслиново масло или вода.
Варијанти: За зелениот хумус, искористете 100 грама бејби спанаќ, а за розовиот – две парчиња цвекло (варено или печено).