Поддршката од Витаминка за хумористичната серија „Преспав“ продолжува и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење Брилијант како еден од реквизитите во ситком-от. Брилијант како и другите производи од Светот на вкусовите на Витаминка стана дел од оваа хумористична екранизација на македонскиот живот и ќе се испреплети со приказната, ситуациите и животите на јунаците од серијата.

За истата цел, компанијата сними и рекламно видео кое е дел од новата кампања на Брилијант и каде се вклучени дел од актерската екипа на серијата, Ула (Тијана Дапчевиќ), Марио (Васил Зафирчев), Талат (Дритон Вејсели) и Коста (Игор Ангелов).


Рекламата се снимаше во студио на МТВ, каде се снима и новата сезона на Преспав. Креативниот и тимот кој беше задолжен за реализацијата е составен од Вардан Тозија како режисер, Дејан Димески како директор на фотографија, а е во продукција на Идеа Плус.
Витаминка го поддржува снимањето на серијата Преспав уште од самиот почеток и на тој начин го помага развојот на современата македонска ТВ продукција.
Комерцијален текст