Семејните собири со најблиските околу трпезата се специјални моменти кои во животот учиме да ги цениме сè повеќе и повеќе. А кога тие се надополнети со вкусен оброк за кој секој има комплимент, тогаш се комплетно доживување.
Влегуваме во кујната со талентираната актерка и пејачка Тања Кочовска, која милува да вели дека кога готви за најблиските, не им дава само храна, туку и своето срце. Кулинарскиот избор е запечени тестенини со брокули и пилешко.
Состојки
300 гр | пилешко филе |
сол | |
Vegeta Maestro црн бибер | |
2 лажици | маслиново масло |
200 гр | брокула |
1 | Fant за запечени тестенини со шунка и сирење |
800 мл | вода |
200 мл | павлака за готвење |
300 гр | тестенини ригатони |
50 гр | рендан кашкавал или пармезан |
Подготовка
Пилешкото филе го зачинуваме со сол и црн бибер и го пржиме во тавче со загреано масло. Откако ќе олади, го сечиме на ленти со дебелина од околу 1 сантиметар.
Од брокулата ги чистиме тврдите шишки и ги одделуваме само „цветчињата“. Брокулата накратко ја вариме во еден литар посолена вода за да омекни. Во меѓувреме, во друго мало тенџере налеваме 800 мл вода и го додаваме прво прашокот од кесичката Fant, а потоа и павлаката за готвење. Мешаме додека зоврие и готвиме само 1 минута.