Сочни, топли, умерено лути и неодоливо вкусни... Ви предлагаме пикантни триаголници кои неодложно ќе станат ѕвезда на масата со мезе или фаворит за оброк кога со радост заборавате на калориите.
Полнети со кашкавал, шунка и лут намаз со чили и слатка димена пиперка, пржени до златна нијанса и послужени со увереност дека ќе поттикнат ентузијастичко „Ммммм“, овие привлечни солени задоволства за секунда го отвораат апетитот.

Состојки
За тестото
250 гр | брашно тип 400 |
250 гр | брашно тип 500 |
½ ќесичка | прашок за печиво Dolcela |
1 лажичка | чили Vegeta Maestro |
1 лажичка | сол |
350 мл | топла вода |
За полнежот
250 гр | шунка |
250 гр | кашкавал ајдамер |
100 гр | црвена пиперка |
150 гр | крем сирење |
1 лажичка | димена пиперка Vegeta Maestro |
1 лажичка | чили Vegeta Maestro |
За пржење
300 мл | масло за готвење |
Подготовка
За тестото, во длабок сад измешајте ги брашното, чилито, солта и прашокот за печиво.
Постепено додавајте ја водата и мешајте го тестото. Месете околу 10 минути, ставете го тестото во сад покриен со крпа или најлонска фолија и оставете го 1 час во топол дел на кујната.
За намазот, измешајте го крем сирењето со чилито и димената пиперка. Исечкајте ја црвената пиперка на ситни коцкички и додајте ја во подготвената пикантна смеса.
Тестото поделете го на 3 еднакви дела. Секој дел исукајте го во кружна форма со дијаметар од околу 30см. Пресечете го на половина и на секоја половина наредете плочка кашкавал, па плочка шунка. Одгоре ставете малку од намазот. Рабовите на тестото навлажнете ги минимално со вода и затворете ги триаголниците, како што е прикажано подолу. По желба, можете да направите шара со помош на виљушка.

Пржете во загреано масло на средна температура неколку минути додека нè придобијат златна боја.

Послужете ги топли со декорација рендан кашкавал.


