Електра, Дездемона, Нина Заречна, Ширли... Театарската публика ја познава Дарја Ризова под многу имиња и ја препознава по амбициозни интерпретации.
За тоа како ги доживува различните улоги, таа вели: „Секој лик е нова љубов. Со него растам, созревам, учам да одам, плачам, се смеам, ме отфрла – го отфрлам, пар – непар, дишеме заедно.“
А кога е подалеку од штиците што живот значат, таа знае да ужива во хранливи оброци за да ја одржува енергијата на ниво. 32-годишната актерка сподели со нас дека едно од нејзините омилени јадења е лосос во комбинација со зеленчуци, па ни даде нов предизвик во кујната.
Состојки (за 2 лица)
2 парчиња | лосос |
зачин за риба | Vegeta Natur |
20 гр | путер |
200 гр | брокула |
300 гр | зелена и жолта боранија |
100 гр | шери домати |
Подготовка
- Загрејте ја рерната на 220°C. Ставете ги парчињата лосос во тава и премачкајте ги со растопен путер. Поросете од двете страни на лососот со зачинот за риба. Печете 15 минути.
- Ставете малку путер во тавче на оган на средна температура. Додајте ги зеленчуците и збогатете им го вкусот со Vegeta Natur зачин со зеленчук. Гответе ги минимално за да им ја зачувате максимално хранливата вредност.