Виктор Апостоловски сними видео за трагедијата во Кочани и полн со емоции ја отпеа „Ако утре ме нема“.
34-годишниот пејач го изведе хитот од ДНК, за кој напиша дека е „најтешката песна“.
Со таа изведба тој го започна видеото на неговиот YouTube канал во кое зборуваше за сите случувања во деновите по пожарот во „Пулс“ во Кочани. Тој им изрази сочувство на семејствата на сите загинати, им посака брзо оздравување на повредените, а на сите нас ни порача да престанеме со поделби и да се обединиме за подобра иднина.