Во сенките на една трагична зора, кога огнот ја проголта тишината на ноќта, едно мало срце остана без својот најголем херој. Судбината испиша болна приказна за малата Јана чиј свет се распадна кога нејзиниот татко Андреја Ѓорѓиески, познат како Андреј од ДНК, храбро се врати во запалената дискотека „Пулс“ во Кочани за да спаси други млади лица, но за жал, трагично загина.
Ужалената сопруга на Андреј, Наталија Ѓорѓиеска, објави краток разговор со малата Јана кој буквално остава без зборови и распарчува срца:
„Мамо, сакам да бидам дома,
Зашто ЈАС ти требам тебе...
А и ТИ ми требаш мене...“
(Јана, за 7 дена порасна како за 7 години.)

Андреј настапуваше заедно со колегите од ДНК во „Пулс“ на 16 март, кога во раните утрински часови изби пожар во кој животите ги загубија 59 лица, а над 150 беа повредени.
Според очевидци, Андреј се вратил во запалениот објект за да извлече што повеќе млади лица кои присуствувале на концертот, но не успеа да излезе жив. Имаше само 43 години.