Почетна » Новости » Актуелно » Трогателна фотографија: Херојот Јован Костадинов прегрнат со својот другар Павел кој загина во пожарот

Трогателна фотографија: Херојот Јован Костадинов прегрнат со својот другар Павел кој загина во пожарот

На таа кобна ноќ, на 16 март, Јован Костадинов спаси над 20 лица во ужасниот пожар, но изгуби и многу свои другари.

Трогателна фотографија се распространува на социјалните мрежи, а на неа, Јован се прегрнува во својот пријател Павел Христовски, кој за жал загина во дискотеката.

„Состојбата на Јован Костадинов е добра и наскоро херојот на кобната вечер може да биде пуштен на домашно лекување.“

„На фотографијата Јован е со Павел Христовски, близок другар кој за жал беше меѓу настраданите во дискотеката на смртта. Павел имаше 20 години“ – стои на објавата.

19-годишниот Јован од Виница ја натопил својата маица со вода и ја ставил на лицето да се заштити од огнот пред да тргне во херојскиот подвиг и да спаси околу 20 животи. Деновиве граѓаните апелираат тој да биде одликуван за својот хероизам и да добие посебни бенефиции од државата.

За 24 Инфо тој изјавил: „Ги гледаш другарите и другарките како умираат во раце, а не можеш ништо да направиш, ги вадиш само од чадот...“

Јован Костадинов Јован Костадинов

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24201 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.