Почетна » Новости » Актуелно » ВИДЕО: Јован Костадинов, кој спаси 20 деца во Кочани, со аплаузи и прегратки пречекан во Гимназијата во Виница

ВИДЕО: Јован Костадинов, кој спаси 20 деца во Кочани, со аплаузи и прегратки пречекан во Гимназијата во Виница

Хероите заслужуваат да бидат славени.

Денес, Јован Костадинов, кој спаси околу 20 деца во пожарот во „Пулс“ во Кочани, беше пречекан со аплаузи и прегратки во Гимназијата „Ванчо Прке“ во Виница. Присутните му изразија голема благодарност на 19-годишниот ученик кој без двоумење влегол во опожарениот објект и спасил 20-тина деца.

Јован Костадинов

Веста за неговото враќање дома ја соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.

Јован од Виница

Мајка на спасено момче му се заблагодари преку социјалните мрежи, раскажувајќи за неговото херојско дело. Јадранка Бреслиева напиша:

„Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, сè до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот“.

Јован од Виница

За жал, Јован изгуби и свои другари во трагедијата. Еден од нив е Павел, чија фотографија деновиве се споделуваше на социјалните мрежи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24201 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.