Почетна » Рецепти » Пијалоци и коктели » Зелен чај – здравје со секоја голтка

Зелен чај – здравје со секоја голтка

Зелениот чај е неверојатен извор на здравје и постојат многубројни истражувања кои го докажале тоа. Тој е моќен антиоксиданс кој што треба да биде дел од секојдневната исхрана.

Зелен чајЗелениот чај е моќен антиоксиданс кој што треба да биде дел од секојдневната исхрана.

Потекло

Зелениот чај се прави од суви лисја на растението Camellia sinensis, истото растение од кое што се прави и црниот чај. Разликата помеѓу зелениот и црниот чај е во начинот на преработка.

Користењето на зелениот чај датира од пред повеќе од 5000 години, а се смета дека потекнува од Кина. Во минатото се служел на различни свечености и церемонии, а бил употребуван и како средство за одржување на будноста и концентрацијата за време на медитација.

Една индиска легенда го поврзува принцот Сидарта Гаутама, основачот на будизмот, со појавата на зелениот чај. Во неа се вели дека кога патувал низ Кина, Сидарта бил толку фрустриран од тоа што не можел да остане буден за време на долгите часови поминати во медитација, што си ги откорнал очните капаци. На местото каде што паднале, започнало да расте првото растение на зелен чај што му овозможило да остане буден.

Денес зелениот чај е распространет низ целиот свет и се смета за еден од најздравите пијалоци.

Зошто зелениот чај е толку корисен?

Зелениот чај, како и другите чаеви од растението Camellia sinensis, е богат извор на полифеноли. Тоа се моќни антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали во телото. Еден од најстарите светски познати истражувачи за полезното дејство на зелениот чај, Џон Вајсбургер, тврди дека зелениот и црниот чај содржат 8-10 пати повеќе полифеноли, отколку овошјето и зеленчукот.

Освен антиоксиданси, зелениот чај содржи и витамин Ц, некои витамини од групата Б, цинк, магнезиум, калиум, манган и флуорид.

Зелениот чај и здравјето

Постојано се појавуваат нови и нови докази за полезното дејство на зелениот чај врз здравјето.

  1. Ја спречува појавата на рак. Многубројни истражувања покажале дека консумацијата на зелен чај помага во заштитата од рак на стомакот, хранопроводот, простатата и панкреасот. Резултатите покажале дека колку што е поголема консумацијата на зелен чај, толку повеќе се намалува ризикот од појава на ова кобно заболување. Јапонско истражување покажало дека жените кои пијат повеќе зелен чај пред и по операција од рак на дојка го намалуваат ризикот од повторна појава на болеста. Во почетокот на оваа година, истражување во Калифорнија го докажало позитивниот ефект на зелениот чај и во заштитата од рак на белите дробови. Консумацијата на барем една чаша зелен чај дневно го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови дури за 5 пати.
  2. Заштитува од срцеви заболувања. Редовното консумирање на зелен чај го намалува ризикот од срцев удар и атеросклероза. Исто така, овозможува полесно и побрзо закрепнување на пациентите кои доживеале срцев удар.
  3. Го подобрува имунитетот. Зелениот чај помага во заштитата од настинка и грип.
  4. Помага за намалување на „лошиот“ холестерол. Консумирањето на барем 2 чаши зелен чај дневно го намалува нивото на „лош“ холестерол (LDL) во телото.
  5. Го заштитува џигерот. Зелениот чај има способност да го заштити џигерот од токсини како алкохолот и од хемикалиите што ги има во чадот од цигарите.
  6. Спречува појавување на камен во бубрезите. Околу 5% од светската популација страда од камен во бубрезите, а зелениот чај ни овозможува на природен начин да се бориме против оваа болест.
  7. Го подобрува денталното здравје. Веќе постојат докази дека зелениот чај ја спречува појавата на кариес, но исто така и ги уништува бактериите во устата кои што предизвикуваат лош здив.

Моќното позитивно дејство на зелениот чај е докажано и во борбата против рак на кожа и Паркинсонова болест, а исто така и против воспаленија. Зелениот чај го стимулира метаболизмот, го намалува високиот крвен притисок и шеќерот во крвта и помага за убав изглед на кожата.

Зелениот чај и слабеењето

Слободно може да се каже дека зелениот чај е еден од оние продукти кои не треба да ги прескокнувате. Не само што е чудотворен извор на здравје, туку е и идеален сојузник во борбата со килограмите.

Тој ја забрзува работата на метаболизмот и го стимулира согорувањето на масти во телото. Тоа се случува благодарение на кофеинот и супстанцијата EGCG (Epigallocatechin Gallate), кои влегуваат со составот на зелениот чај.

Но, пиењето на зелен чај нема да ви донесе видливи резултати преку ноќ. Вклучете го во вашата исхрана, но сепак внимавајте и на бројот на внесените калории.

Колку зелен чај треба да пиете?

Зелениот чај содржи кофеин и консумирањето во поголеми количини може да предизвика проблеми со спиењето. Ако досега не сте пиеле зелен чај, најдобро е да започнете со една чаша дневно.

Најдобро е да се консумира до 4-5 чаши дневно, иако кинезите и многу експерти советуваат дека е корисно да се пијат и 10 чаши дневно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20883 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.