Почетна » Новости » Истражувања » Чајот ја подобрува работата на мозокот и се бори против замор

Чајот ја подобрува работата на мозокот и се бори против замор

Консумирањето на чај е една од најздравите навики. Истражувањата на научниците постојано го зголемуваат списокот на бенефиции кои ги носи пиењето на чај.

Ново холандско истражување покажа дека природните состојки кои ги има во чајот ја подобруваат работата на мозокот и ја зголемуваат будноста.

ЧајЧајот ја подобрува работата на мозокот и ја зголемува будноста

За да го докажат тоа, научниците набљудувале 44 доброволци додека извршуваат умствени задачи.

Научниците откриле дека учесниците кои се напиле чај пред да започнат со извршувањето на задачите покажале подобри резултати во споредба со контролната група. Исто така, кај оние што се напиле чај била зголемена и будноста и способноста за концентрација, а бил намален и заморот.

Научниците веруваат дека ваквиот позитивен ефект доаѓа од активните состојки Л-теанин и кофеин кои ги има во чајот.

Со помош на други истражувања досега е докажано дека чајот го намалува ризикот од срцеви болести, рак и Паркинсонова болест.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.