Почетна » Новости » Истражувања » Зелениот чај го забавува дебелеењето

Зелениот чај го забавува дебелеењето

Уште една добра вест за љубителите на зелениот чај. Зелениот чај го забавува дебелеењето со тоа што го ограничува количеството масти кои ги апсорбира телото, тврдат научниците од Универзитетот Пен Стејт.

Истражувачите откриле дека супстанцијата EGCG којашто ја има во зелениот чај го забавува зголемувањето на килограмите.

„Нашите резултати покажуваат дека ако примате EGCG или зелен чај, побавно качувате килограми“ – изјавил Џошуа Ламберт, автор на истражувањето.

Зелен чајЗелениот чај е одличен сојузник против дебелеењето

Заедно со свои колеги, Ламберт хранел две групи глувци со храна богата со масти. Во исхраната на едната група била вклучена и EGCG (Epigallocatechin-3-gallate), супстанција која ја има во повеќето зелени чаеви. Резултатите покажале дека глувците од групата која внесувала EGCG се дебелееле за 45% побавно во споредба со другите.

Според проценките на Ламберт, потребно е еден човек да пие 10 чаши зелен чај дневно за да го прими количеството EGCG кое било користено во истражувањето.

Но, досегашните истражувања покажале дека и само неколку чаши зелен чај дневно се доволни за одржување на тежината. „Податоците за луѓе, кои досега не се многу, покажуваат дека луѓето кои консумираат една или повеќе шолји зелен чај дневно ќе забележат ефект на телесната тежина, во споредба со оние кои воопшто не консумираат“ – изјавил Ламберт.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.