Почетна » Новости » Истражувања » Зелен и црн чај за помал ризик од рак на јајниците

Зелен и црн чај за помал ризик од рак на јајниците

Експертите постојано советуваат црниот и зелениот чај да се внесат во секојдневната исхрана, поради нивниот благотворен ефект врз здравјето. Сега истражувањата даваат уште една причина плус да го послушаме нивниот совет.

Жена што пие чајЗелениот и црниот чај заштитуваат од рак на јајниците.

Жените кои пијат по две чаши црн чај или една чаша зелен чај дневно, го намалуваат ризикот за заболување од рак на јајниците. Тоа е заклучокот на две одделни истражувања во оваа област.

Првото истражување било направено од Универзитетот Вашингтон со учество на 2000 жени. Тоа покажало дека жените кои пијат една или повеќе од една чаша зелен чај дневно, го намалуваат ризикот за заболување од рак на јајниците со 54%.

Во рамките на истражување во Шведска, научниците откриле дека ризикот од рак на јајниците се намалил за 50% кај жените кои пиеле најмалку 2 чаши црн чај дневно.

Со претходни истражувања докажано е дека црниот и зелениот чај помагаат за зачувување на здравјето на срцето, зголемување на активноста на мозокот и намалување на нивото на „лош“ холестерол.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.