Почетна » Рецепти » Кујнски совети » Подобрете ги вашите готварски способности

Подобрете ги вашите готварски способности

Свежи зачиниКористете свежи зачини, затоа што тие ѝ даваат на храната посилна арома.
  1. Прочитајте ја рецептата. Ако готвите според точно определена рецепта, пред да започнете прочитајте ја целосно два пати. Многу често во процесот на готвење на ново јадење пропуштаме важни нешта, кои што можат да имаат големо влијание врз крајниот резултат. Читањето на рецептата ни дава општа претстава за целиот процес на приготвување на јадењето и со тоа се намалува веројатноста да прескокнеме некој важен чекор или некоја важна состојка.
  2. Додека готвите пробувајте ја храната. Задолжително вкусете го тоа што го готвите. Тоа може да ве спаси од катастрофа. Додека готвите можете да си ги поправите грешките.
  3. Употребувајте вино. Виното му дава посебен вкус и уникатна арома на секое јадење. Општо прифатено правило е црвеното вино да се користи за подготвување на црвено месо, а белото вино за бело месо. Но, тоа нека не ве ограничува. Има безброј убави рецепти кои што се исклучок од тоа правило.
  4. Преферирајте свежи зачини. Свежите зачини ѝ даваат на храната посилна арома. Оние зачини кои ги употребувате најчесто можете да ги одгледувате дома, а останатите можете да ги купите од поголемите супермаркети.
  5. Употребувајте путер. Основата на секое добро зготвено јадење е путерот. Стекот е најдобро приготвен ако е пржен во путер со малку масло (за да не загори путерот).
  6. Не користете микробранова печка. Храната приготвена во микробранова печка не добива никаков вкус за разлика од храната приготвена во рерна или на скара, која е многу вкусна. Микробрановата печка е најдобра за одмрзнување на храната, но и тоа може да се направи на друг начин. Најдобро е да ја одмрзнувате храната во фрижидер. Се разбира, тоа не е најбрз начин (ќе ви биде потребен еден ден), но е најсигурен, затоа што храната е заштитена од бактерии.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20121 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.