Почетна » Рецепти » Кујнски совети » 10 практични кујнски трикови

10 практични кујнски трикови

Сечено јаболкоЗа да го заувате сеченото јаболко свежо, исцедете врз него неколку капки лимон.
  1. Заштитете ги компирите од појава на ‘ркулци. Чувајте ги компирите на темно место. За да ја спречите појавата на ‘ркулци, ставете во вреќата со компири едно јаболко. Менувајте го јаболкото секоја недела.
  2. Штедете доматен сос. Многу често за приготвување на разни рецепти ни е потребно само мало количество доматен сос. Ако вие секогаш купувате по една опаковка, после секое готвење се чудите што да му правите на остатокот. Останатиот дел од доматниот сос можете да го замрзнете во форма на коцки мраз и да го употребите кога повторно ќе ви е потребен.
  3. Бел ориз. За да ја зачувате убавата бела боја на оризот, додека го готвите во него додајте неколку капки лимон.
  4. Свежо лупено јаболко. Доколку сакате сеченото јаболкото да не ја промени својата боја, ставете врз него неколку капки лимон.
  5. Пресолено јадење. Ако јадењето е посолено отколку што треба, додајте во него пресечен домат без лушпа. Тој ќе одземе дел од солта. Ако јадењето кое го готвите е чорбесто, ставете во него 2-3 големи парчиња компир. Тие ќе одземат дел од солта, а на крајот лесно ќе можете да ги извадете.
  6. Дафинов лист во зелка. Кога варите зелка, ставете во неа дафинов лист. Тој ќе ја намали непријатната миризба и ќе ѝ даде на зелката убава арома.
  7. Позелени зеленчуци. Ако не ги поклопувате со капак зеленчуците додека се варат, тие ќе останат позелени.
  8. Презреани домати. Ако доматите се презреани, потопете ги во вода, додајте во неа сол и оставете ги да стојат во неа една ноќ. Наредниот ден доматите ќе бидат поцврсти на допир.
  9. Отстранете ја миризбата од кромид или лук од рацете. За да ја отстраните непријатната миризба од вашите раце по контактот со лук или кромид, истријте ги рацете со една чајна лажичка сол, помешана со малку вода. Тријте неколку минути и измијте ги рацете со ладна вода.
  10. Премногу мрсна супа или манџа. За да го отстраните прекумерното масло, кое избива над супата или манџата, ставете од горе едно парче бел леб.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.