Почетна » Рецепти » Кујнски совети » Како да се заштитите од труење со храна

Како да се заштитите од труење со храна

Труењето со храна е заболување кое почесто се појавува во летните горештини, затоа што топлото време е идеално за развивањето и размножувањето на бактерии. Бактериите кои што можат да предизвикаат труење се од различни видови: салмонели, стафилококни ентеро бактерии, ешерихија и др.

Симптоми при труење со храна

Симптомите кои што се појавуваат при труење со храна можат да бидат разновидни. Најчести симптоми се:

Миење на доматиЗа да се заштитите од труење, мијте го овошјето и зеленчукот пред консумација.
  • Слабост и малаксаност;
  • Повраќање;
  • Дијареја;
  • Вртоглавица;
  • Губење на свест;
  • Болка во мускулите;
  • Прекумерно потење;
  • Треска.

Ако се сомневате дека страдате од труење со храна, единствениот начин да утврдите дали тоа е така или не е да отидете на доктор, за да си направите тестови. Припомнете си што сте јаделе претходните денови. Ако и некој друг, кој јадел иста храна како и вие ги развие истите симптоми, тогаш неодложно посетете доктор.

Како да го избегнете труењето со храна?

Недопечено месоНе консумирајте недопечено месо.
  1. Не јадете неприготвено месо. Пилешкото месо не треба да има розова боја. Ако сте во ресторан и ви донесат парче пилешко месо со розова боја, вратете го. Ако сте дома, продолжете да го готвите. Кај црвеното месо многу полесно можете да утврдите дали е живо. Живото месо содржи бактерии, кои може да му наштетат на вашето здравје.
  2. Не го ставајте готовото јадење во чинија во која претходно имало живо месо. Се разбира тоа не важи ако сте ја измиле.
  3. Редовно мијте ги рацете. Верувале или не, сè уште има луѓе кои го прескокнуваат овој важен дел од личната хигиена. Задолжително мијте ги рацете ако претходно сте биле во допир со живо месо или јајца.
  4. Чувајте ја кујната чиста. Ако редовно ја чистите кујната, ќе го спречите развивањето на бактерии кои влијаат лошо на вашето здравје.
  5. Миење раце Задолжително мијте ги рацете ако претходно сте биле во допир со живо месо или јајца. Мијте го овошјето и зеленчукот пред консумација. Ова правило секој го знае, затоа уверете се секогаш да се придржувате кон него.
  6. Избегнувајте ја брзата храна во лето. Жешкото време го помага размножувањето на бактериите, особено во кујните каде што помалку се одржува хигиената. Избегнувајте ја консумацијата на слатки, мајонез, месо и јајца во местата за хранење, каде што не сте сигурни дали храната е пресна.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.