Џорџ Клуни повторно е сингл. Славниот актер и неговата девојка Стејси Киблер одлучиле да ја прекинат двегодишната врска.

Според People, причината за разделбата е ставот на 52-годишниот актер за бракот и создавањето семејство. „Стејси ја прекина врската. Таа сака еден ден да има деца и семејство. Таа знае каков е ставот на Џорџ во однос на тоа. Разговараа и тивко прекинаа да бидат пар пред неколку седмици. Тие разговараат секој ден. Беа пријатели пред да започнат врска и ќе останат пријатели по завршувањето на истата“ – пишува People, цитирајќи близок пријател на парот.
Друга наводна причина за разделбата е што Клуни и Киблер имаат многу ангажмани на различни места низ светот, па како резултат на тоа поминувале премалку време заедно.
Холивудскиот заводник претходно беше во двегодишна врска со Елизабета Каналис. И тогаш се шпекулираше дека причината за раскинувањето е решеноста на Клуни никогаш повеќе да не застане пред олтар.