Џиџи Хадид и Зејн Малик станаа родители. Славниот пар со фотографии на социјалните мрежи објави дека изминатиот викенд се роди нивното прво дете.
25-годишниот модел и 27-годишниот пејач добија ќеркичка и споделија слатки фотографии со рачето на бебенцето.
„Нашата ќеркичка е тука, здрава и прекрасна. Невозможно е со зборови да опишам како се чувствувам. Неразбирлива е љубовта која ја чувствувам за ова мало човече. Благодарен сум што ја познавам, горд што можам да ја наречам моја и благодарен за животот кој ќе го имаме заедно“ – напиша Зејн во описот.
„Нашето девојче дојде на овој свет изминатиот викенд и веќе го промени нашиот свет. Вљубени сме“ – напиша Џиџи.
Џиџи и Зејн неколкупати ја прекинуваа и обновуваа врската од 2015 година наваму.