Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џиџи Хадид и Зејн Малик раскинаа, нејзината мајка тврди дека тој ја удрил за време на расправија

Џиџи Хадид и Зејн Малик раскинаа, нејзината мајка тврди дека тој ја удрил за време на расправија

Џиџи Хадид и Зејн Малик не се повеќе во врска. Веста за раскинувањето одекна откако нејзината мајка, Јоланда, го обвини Малик дека ја удрил за време на расправија.

Познатиот пејач ги негираше нејзините обвинувања.

„Категорично негирам дека ја нападнав Јоланда Хадид и за доброто на мојата ќерка, одбивам да споделам повеќе детали. Се надевам дека Јоланда ќе ги преиспита своите лажни обвинувања и ќе се насочи кон решавање на овие семејни проблеми во приватност“ – стои во изјавата на Зејн за TMZ.

Зејн и Џиџи имаат 13-месечна ќеркичка, Каи.

Во изјавата од претставник на Џиџи, стои само: „Џиџи е фокусирана само на доброто на Каи. Таа бара приватност во овој период“.

Џиџи и Зејн

„Како што сите знаете, јас сум приватна личност и многу сакам да создадам безбедна и приватна околина во која ќе расте мојата ќерка. Место каде приватните семејни проблеми не се фрлени на светската сцена за сите да се мешаат во нив. Во обид да го заштитам тоа место за неа, прифатив да не ги оспорувам тврдењата што произлегоа од расправија која ја имав со член на семејството на мојата партнерка, кој влезе во нашиот дом додека мојата партнерка не беше таму, пред неколку недели.“

„Ова беше и сè уште треба да е приватен проблем, но сега постои поделеност и покрај сите мои напори да ја обновам нашата мирна семејна околина која ќе ми дозволи да бидам ко-родител како што мојата ќерка заслужува, овие информации „протекоа“ во медиумите. Се надевам дека сите ќе заздравиме од суровите зборови кои беа споделени и што е поважно, ќњ продолжам да ја заштитувам Каи и да ѝ ја давам приватноста која ја заслужува“ – напиша Малик.

Се шират шпекулации дека Јоланда без нивна дозвола продала фотографија на која се гледа лицето на Каи.

Зејн и Џиџи досега го немаат покажано лицето на Каи.

Џиџи и Зејн
Џиџи и Зејн Џиџи и Зејн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.