Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џиџи Хадид и Зејн Малик раскинаа по двегодишна врска

Џиџи Хадид и Зејн Малик раскинаа по двегодишна врска

Џиџи Хадид и Зејн Малик се разделија. 22-годишната манекенка и 25-годишниот пејач со емотивни соопштенија на социјалните мрежи ја потврдија веста за крајот на нивната врска.

Џиџи Хадид и Зејн Малик

„Соопштенијата за раскинување често изгледаат како да се 'роботски', бидејќи навистина не постои начин да се опише што две лица искусиле заедно во текот на неколку години... не само во врската, туку и во животот воопшто. Засекогаш ќе бидам благодарна за љубовта, времето и животните лекции кои ги делевме со Зејн. Не сакам ништо друго само најдоброто за него и ќе продолжам да го поддржувам како пријател за кого имам огромна почит и љубов“ – стои во објавата на Хадид на Twitter.

„Џиџи и јас имавме неверојано значајна, грижлива и забавна врска и јас имам голема почит и обожавање кон неа. Таа има неверојатна душа. Благодарен им сум на сите наши фанови што ја почитуваа оваа наша одлука и нашата приватност во овој период. Посакуваме оваа вест прво од нас да стигнеше до вас. Ве сакаме сите“ – напиша Малик.

Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик

Познатиот модел и поранешниот член на One Direction започнаа да се состануваат во ноември 2015 година.

Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.