Џенифер Лопез го придружуваше својот партнер Каспер Смарт на премиерата на неговиот филм „The Perfect Match“ во Холивуд.



46-годишната актерка и пејачка шармираше пред објективите облечена во тесен фустан од Cushnie et Ochs, обувки од Кристијан Лобутин и чанта Валентино. За изгледот на Лопез беше задолжено стилското дуо Роб Зангарди и Мариел Хен.




На премиерата Лопез и Смарт изгледаа заљубено. Неодамна, 28-годишниот актер изјави дека со Лопез не чувствуваат притисок да стапат во брак и дека се среќни со својата врска.






Филмот „The Perfect Match“ ќе започне да се прикажува во кината в петок.