Џесика Симпсон стана мајка. Славната ѕвезда роди девојче кое го доби името Максвел Дру Џонсон.

Девојчето се родило со тежина од 4,5 килограми и должина од 55,2 сантиметри.
Среќната вест Џесика и нејзиниот свршеник Ерик Џонсон ја објавија на нејзиниот веб сајт, преку следнава порака:

„Многу сме благодарни за сета љубов, поддршка и молитви кои ги добивме. Ова беше најубавото искуство во нашите животи!“ – пишува 31-годишната нова мајка.
Максвел е првото дете на Џесика и Ерик, кои се заедно од мај 2010 година. Само шест месеци по започнувањето на нивната врска, тие објавија дека се свршени и дека се подготвуваат за свадба. Бременоста на Џесика ги одложи плановите за свадбата, па парот објави дека планира да застане пред олтар по раѓањето на нивната ќерка.

Неодамна Џесика објави видео од луксузната забава за бебето, а подоцна објави и фотографии од кои може да се види дека малото девојче уште пред да дојде на свет добило 20 пара обувки.
