Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Семејни фотографии на Џесика Симпсон со двете деца во нејзиниот дом

Семејни фотографии на Џесика Симпсон со двете деца во нејзиниот дом

Џесика Симпсон целосно ѝ е посветена на улогата мајка. Еден месец по раѓањето на синот Ејс Кануте, 33-годишната мајка ги отвори вратите на својот дом и го претстави малото бебе.

Џесика со семејството Џесика со семејството

На фотографиите за Us Weekly, Симпсон гордо позира со едногодишната ќерка Максвел Дру, малиот Ејс и свршеникот Ерик Џонсон.

Џесика со семејството

Среќното семејство позира во куќата која Симпсон ја купи од Озборнови во април годинава. Во интервјуто за списанието, таа објаснила дека прекрасниот двор го користи за љубовни средби со Ерик. „Го дојам Ејс на секои четири и пол часа. Секој ден е долг, но со Ерик се опуштаме и вечераме заедно откако ќе заспијат децата“ – рекла таа.

Џесика со семејството Џесика со семејството

Во мај минатата година Џесика и Ерик ја добија ќеркичката Максвел, а само неколку месеци подоцна неочекувано ги израдува вест за второ дете. Засега новите родители не планираат проширување на семејството. „Бременоста носи многу. Многу беше тешко со две бремености толку блиски една до друга. Се чувствувам како да сум постигнала многу и чувствувам во срцето дека сум готова со тоа. Но, очигледно, грешки се случуваат“ – изјавила Симпсон.

На една од фотографиите е прикажана и детската соба на Ејс, уредена во бебешко сина боја.

Џесика со семејството Џесика со семејството Џесика со семејството Џесика со семејството

Џесика не пропуштила да спомене дека Ерик ѝ помага многу. „Ерик е многу повеќе од секој татко кој некогаш постоел. Прави сè без жалење. Искрено можам да кажам дека не бев принудена да менувам многу пелени. Тој прави да се чувствувам како неверојатна мајка, а истовремено и неверојатна љубовница и жена“ – открила таа.

Џесика со семејството

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.