Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џеси Џеј призна дека не може да има деца сред концерт

Џеси Џеј призна дека не може да има деца сред концерт

Џеси Џеј доби бројни комплименти за нејзиниот концерт во Лондон, но покрај одлично изведените песни, таа соопшти и нешто многу интимно.

30-годишната музичка ѕвезда откри дека пред четири години ѝ кажале дека никогаш нема да може да има деца. Иако Џеси никогаш јавно не зборувала за лошата вест, таа ја напишала песната „Four Letter Word“ за да се справи со болката кога ѝ било тешко.

За време на концертот во Royal Albert Hall, славната пејачка рече: „Пред четири години ми кажаа дека никогаш нема да можам да имам деца. Ова не ви го кажувам за да ме сожалувате, бидејќи јас сум една од милионите жени и мажи кои минале низ ова и ќе минат низ ова.“

„Ова не може да биде нешто што нè определува, но сакав да ја напишам оваа песна за себе во моментите на тага и болка, но исто така за да си дадам радост, за да им дадам на другите луѓе нешто што ќе можат да го слушаат во моментите кога им е навистина тешко.“

„Ако некогаш сте искусиле нешто вакво или сте гледале некој друг кој минувал низ истото или загубил дете, ве молам знајте дека не сте сами во вашата болка и дека мислам на вас додека ја изведувам оваа песна.“

Видео

Џеси Џеј Џеси Џеј

Концертот од публиката го следеше актерот Џенинг Тејтум, за кој се шпекулира дека е во врска со Џеси. За неа на Instagram, тој напиша: „Оваа жена го излеа своето срце на сцената во Royal Albert Hall. Оној што беше таму, имаше можност да види нешто специјално“.

Пред да открие дека не може да забремени, Џеси не ја криеше својата желба да стане мајка.

„Кога наполнив 25 години, нешто се промени во мене. Гледам дете во мојата иднина 100%. Наскоро. Започнав да мислам дека сакам моите деца да погледнат назад и да речат: ‘Зарем не беше мама неверојатна?’ Навистина започнав да размислувам за она што ќе им го оставам ним“ – изјавила таа во 2013 година за Marie Claire.

Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.