Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џеси Џеј е бремена: Пејачката беше фотографирана со пораснатото стомаче 13 месеци по спонтаниот абортус

Џеси Џеј е бремена: Пејачката беше фотографирана со пораснатото стомаче 13 месеци по спонтаниот абортус

Џеси Џеј го очекува своето прво бебе.

34-годишната пејачка ја сподели веста на Instagram и ги изненади фановите 13 месеци по спонтаниот абортус. Џеси објави кадри од позитивниот тест и трудничкото стомаче во различни периоди од бременоста.

„Многу сум среќна и преплашена што конечно го споделувам ова... Ве молам, бидете нежни кон мене“ – напиша таа.

Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј

Викендов, таа беше фотографирана во Лос Анџелес. Популарната музичарка носеше хеланки и бел топ кој ѝ го отскри стомачето.

Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј

Подоцна, Џеси на Instagram напиша:

„Не можам да спијам. Мислам на денешниот ден и на огромната количина на љубов и поддршка кои ги чувствувам. Не можам да не мислам на сите жени и мажи кои сè уште се борат со неплодност и со загуба. Чудно ми е да бидам на оваа страна откако ми беше кажано дека никогаш нема да забременам, па имав спонтан абортус, па пак забременив и тоа се случи многу брзо“.

Во ноември 2018 година, Џеси сред концерт откри дека ѝ било кажано дека нема да може да има свои деца.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.