Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џеси Џеј и Ченинг Тејтум заљубени и среќни по неговиот развод со Џена Деванг

Џеси Џеј и Ченинг Тејтум заљубени и среќни по неговиот развод со Џена Деванг

Ченинг Тејтум и Џеси Џеј повеќе не ја кријат својата врска. Парот беше фотографиран на прошетка во Лондон.

30-годишната пејачка и 38-годишниот актер изгледаа заљубено и среќно додека се држеа за раце и разговараа. Џеси носеше тренерки и јакна, како и чанта од Луј Витон.

Ченинг Тејтум и Џеси Џеј Ченинг Тејтум и Џеси Џеј Ченинг Тејтум и Џеси Џеј Ченинг Тејтум и Џеси Џеј Ченинг Тејтум и Џеси Џеј Ченинг Тејтум и Џеси Џеј Ченинг Тејтум и Џеси Џеј Ченинг Тејтум и Џеси Џеј Ченинг Тејтум и Џеси Џеј Ченинг Тејтум и Џеси Џеј Ченинг Тејтум и Џеси Џеј Ченинг Тејтум и Џеси Џеј Ченинг Тејтум и Џеси Џеј Ченинг Тејтум и Џеси Џеј Ченинг Тејтум и Џеси Џеј

До април минатата година, Ченинг беше во брак со актерката Џена Деван со која се запознаа на снимањето на филмот „Step Up“. Шест месеци по разделбата, Џена поднесе документи за развод.

Нивниот брачен живот траеше речиси 9 години и заедно имаат една ќерка.

Ченинг и Џена

Во ноември минатата година, Џеси Џеј сред концерт призна дека не може да има деца. Од публиката, нејзиниот говор го следеше Ченинг.

За време на концертот во Royal Albert Hall, славната пејачка рече: „Пред четири години ми кажаа дека никогаш нема да можам да имам деца. Ова не ви го кажувам за да ме сожалувате, бидејќи јас сум една од милионите жени и мажи кои минале низ ова и ќе минат низ ова.“

„Ова не може да биде нешто што нè определува, но сакав да ја напишам оваа песна за себе во моментите на тага и болка, но исто така за да си дадам радост, за да им дадам на другите луѓе нешто што ќе можат да го слушаат во моментите кога им е навистина тешко.“

„Ако некогаш сте искусиле нешто вакво или сте гледале некој друг кој минувал низ истото или загубил дете, ве молам знајте дека не сте сами во вашата болка и дека мислам на вас додека ја изведувам оваа песна.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.