Џеси Џеј и Ченинг Тејтум ја обновија својата врска и веќе започнаа заедно да присуствуваат на холивудските свечености.
31-годишната пејачка и 39-годишниот актер беа гости на гала вечера организирана од Клајв Дејвис, по повод Греми, како и на настанот „MusiCares Person Of The Year“ во Лос Анџелес.
За првата манифестација, музичката ѕвезда носеше асиметрична сребрена креација од Fannie Schiavoni, додека за втората, нејзин избор беше фустан од либанскиот дизајнер Зухаир Мурад.
Кон крајот на минатата година, беше објавено дека Џеси и Ченинг раскинаа, но пред неколку дена, стана јасно дека тие се повторно заедно.