Џенифер Лопез го прифати предлогот за брак на Алекс Родригез. Популарниот пар се вери на романтично патување на Бахамите.
49-годишната пејачка и 43-годишниот поранешен спортист споделија фотографија од големиот веренички прстен на Instagram.
„Таа рече да“ – напиша Алекс. Ова ќе биде четврти брак за Џеј Ло.

И претставник за јавноста на Џенифер ја потврди веста за свршувачката. „Тие се на одмор и се верија денес“ – изјавил Бени Медина за People.


Лопез и Родригез се во врска две години. И двајцата имаат по две деца од претходните бракови.



