Џенифер Лопез и Алекс Родригез обожаваат да минуваат време со нивните деца, а овој викенд имаа голем повод за семеен собир. Помалата ќерка на Алекс наполни 11 години.
На роденденот на Ела, 49-годишната пејачка и нејзиниот 43-годишен свршеник беа фотографирани со четирите деца и сестрата на Лопез, Линда, на шопинг во Мајами.
Џенифер изгледаше модерно во фармерски комбинезон од Alice + Olivia, сандали од Гучи и чанта со змиски принт од Ермес.












Претходно, познатиот пар и ќерките Ела, Еми и Наташа беа на прошетка во спортско издание.





За да ѝ го честита роденденот на ќерка си, Алекс сподели видео и фотографии со неа и напиша: „Среќен роденденски викенд на мојот убав и прекрасен ангел кој продолжува да ме одушевува секој ден“.