Џенет Џексон стана мајка. Славната пејачка роди здраво момче на 50-годишна возраст.
Бебето го добило името Еиса Ал Мана. Ова е прво дете на Џенет и нејзиниот сопруг Висам Ал Мана.
Веста дека со сопругот планираат да основаат семејство Џенет ја сподели минататa година, кога објави дека ја одложува својата светска турнеја „Unbreakable“ поради препорака од докторите. „Јас и мојот сопруг планираме да основаме семејство, па морам да ја одложам турнејата. Ве молам да разберете дека ми е важно да го направам ова сега. Докторите ми наредија да одмарам“ – им вели Џенет на своите фанови во видео кое го сподели на Twitter.
Видео
A message from Janet...https://t.co/KrzYZ4eyvD
— Janet Jackson (@JanetJackson) April 6, 2016
Џенет и Висам тајно стапија во брак во 2012 година.