Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенет Џексон во црн стајлинг инспириран од нејзиниот изглед од омотот на албумот „Control“

Џенет Џексон во црн стајлинг инспириран од нејзиниот изглед од омотот на албумот „Control“

Џенет Џексон се појави со впечатлив изглед на 37-та свечена церемонија на „Куќата на славните на Рокенролот“ во Лос Анџелес.

56-годишната музичка легенда носеше целосно црн стајлинг кој е дело на Кристијан Сиријано. Таа побарала од американскиот моден дизајнер да го пресоздаде нејзиниот изглед од омотот на албумот „Control“. Сепак, најголемата сличност со фотографијата од омотот е нејзината асиметрична фризура.

Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон

„Кога Џенет ќе ти се јави и ќе побара од тебе да го пресоздадеш омотот од нејзиниот албум CONTROL, ти го правиш тоа. Wow, како стигнав да дизајнирам за оваа икона. Ја сакам оваа жена“ – напиша Сиријано.

Популарната добитничка на Греми на церемонијата беше во чест на соработниците Џими Џем и Тери Луисна кои им ги додели наградите за најуспешно продуцентско дуо на сите времиња и ги воведе во Куќата на славните. Тие го продуцираа нејзиниот трет албум, „Control“, во 1986 година.

Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон

Со „Control“ се случи пресвртница во музичката кариера на Џенет. Таа почна да создава денс, поп, R&B и хип-хоп песни, така што неминовно беше да стане голема музичка ѕвезда. Во 1989 го издаде хитовскиот албум „Rhythm Nation 1814“.

Џексон со причина е прогласена за кралица на поп-музиката.

Џенет Џексон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20941 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.