Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенет Џексон на 49 години е бремена со своето прво дете

Џенет Џексон на 49 години е бремена со своето прво дете

Џенет Џексон и нејзиниот сопруг Висам Ал Мана го очекуваат своето прво дете. Вчера, извори блиски на парот ја потврдија веста за бременоста за релевантни странски медиуми.

Џенет Џексон и Висам Ал Мана

Славната пејачка, која на 16 мај ќе наполни 50 години, ја заскокотка љубопитноста на јавноста откако ненадејно ја одложи својата светска турнеја „Unbreakable“.

На почетокот од минатиот месец, Џенет преку видео на социјалните мрежи им се обрати на своите фанови за да им се извини што ја одложува турнејата и да им соопшти дека со сопругот планираат да имаат дете, за што докторите ѝ препорачале одмор.

„Сметав дека е важно вие да бидете први што ќе дознаете. Јас и мојот сопруг планираме да основаме семејство, па морам да ја одложам турнејата. Ве молам да разберете дека ми е важно да го направам ова сега. Докторите ми наредија да одмарам“ – вели таа во видеото.

Видео

Џенет Џексон и Висам Ал Мана Џенет Џексон и Висам Ал Мана Џенет Џексон и Висам Ал Мана

Џексон тајно се омажи со 41-годишниот бизнисмен во 2012 година, а парот ја потврди веста на почетокот на 2013 година. Ова е трет брак за познатата музичка ѕвезда.

Џенет Џексон и Висам Ал Мана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20940 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.