Џенет Џексон на 50 години ќе стане мајка. Славната пејачка го очекува своето прво дете, а убавата вест официјално ја потврди за „People“ и сними фотосесија на која го покажува трудничкото стомаче.
За списанието, музичката ѕвезда изјавила дека со сопругот Висам Ал Мана се чувствуваат благословени што ќе станат родители. „Му благодариме на Бога за нашиот благослов“ – рекла таа.
Засега е објавена само една фотографија на која среќната идна мајка си го гали стомачето.
Веста дека со сопругот планираат да основаат семејство Џенет ја сподели пред неколку месеци, кога објави дека ја одложува својата светска турнеја „Unbreakable“ поради препорака од докторите. „Јас и мојот сопруг планираме да основаме семејство, па морам да ја одложам турнејата. Ве молам да разберете дека ми е важно да го направам ова сега. Докторите ми наредија да одмарам“ – им вели Џенет на своите фанови во видео кое го сподели на Twitter.
Видео
A message from Janet...https://t.co/KrzYZ4eyvD
— Janet Jackson (@JanetJackson) April 6, 2016
Џенет и Висам тајно стапија во брак во 2012 година.