Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бритни Спирс се отвори: Абротирав на 19 години, Џастин Тимберлејк не сакаше да биде татко

Бритни Спирс се отвори: Абротирав на 19 години, Џастин Тимберлејк не сакаше да биде татко

Во мемоарите „The Woman in Me“, Бритни Спирс искрено говори на болни теми од своето минато. 41-годишната поп-ѕвезда за првпат признава дека абортирала во тинејџерските години додека била во врска со Џастин Тимберлејк.

Наводно, Бритни останала бремена на 19-годишна возраст, но Џастин бил категоричен дека биле премлади за да имаат дете.

Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк

Во извадок од мемоарите кој го објави People, Бритни раскажува:

„Беше изненадување, но за мене, не беше трагедија. Многу го сакав Џастин. Отсекогаш очекував еден ден заедно да имаме семејство. Но, Џастин дефинитивно не беше среќен за бременоста. Тој рече дека не сме подготвени да имаме бебе во нашите животи и дека сме премлади.“

„Знам дека луѓето ќе ме мразат за ова, но се согласив да не го задржиме тоа дете. Не знам дали тоа беше правилна одлука. Ако зависеше само од мене, никогаш немаше да абортирам. Но, Џастин беше толку сигурен дека не сака да биде татко.“

„До ден-денес тоа е едно од најагонизирачките искуства во мојот живот.“

Бритни и Џастин се запознаа како деца на снимањето на „The Mickey Mouse Club“. Во 1999 година споделија дека се во врска, а се разделија во 2002 година. Со спотот за песната „Cry Me a River“, Џастин ги подгреа шпекулациите дека причината за разделбата била неверство од нејзина страна.

Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк

Врската на двајцата пејачи беше будно следена од јавноста и поттикнуваше многу дискусии. Особено беше коментиран ставот на Бритни за тоа дека добар морал значи да чекаш до брак за сексуални односи. По раскинувањето, Џастин со сарказам изјави дека се придржувале до тој принцип.

Мемоарите „The Woman in Me“ (Жената во мене) ќе бидат пуштени во продажба на 24 октомври.

Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20792 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.