Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин Тимберлејк е најголем дарител

Џастин Тимберлејк е најголем дарител

Џастин Тимберлејк

Најчесто кога има вест за тоа кој и колку дарува за добротворни цели, се споменуваат имињата на Мадона, Боно, Анџелина Џоли или Опра. Токму затоа, пријатно изненадување е тоа што Џастин Тимберлејк е ѕвездата што заработува најмногу пари за добротворни цели.

Џастин со неговата неуморна работа заработил 9 милиони долари за болниците за деца Shriners. Со таа сума тој застанал пред Мадона, чија заработка од 5,5 милиони долари за Raising Malawi ја стави на второто место и Памела Андерсон, која собрала 4,8 милиони долари за PETA (People for the Ethical Treatment of Animals).

На четврто место се најде популарната Опра, со 4 милиони долари дадени за нејзината организација за добротворни цели наречена Oprah's Angel Network. Придонесот на фронтменот на U2, филантропот Боно, за Фондацијата ONE изнесува 4,8 милиони долари.

Во првите 10 најдарежливи ѕвезди се најдоа и имињата на Анџелина Џоли, Ријана, Џорџ Клуни, Селма Хајек и Шакира.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.