Џастин Бибер бил уапсен во Мајами. Откако бил запрен од полицијата поради тоа што учествувал во улична трка, било утврдено дека 19-годишниот пејач е под дејство на алкохол.
„Можам да потврдам дека Џастин Бибер е уапсен за возење под дејство на алкохол и улично тркање во Мајами Бич“ – изјавила портпаролка на полицијата.
Според информациите од странските медиуми, неколку од пријателите на Бибер со свои автомобили блокирале улица за да може славниот пејач да се трка со свој познаник. Во моментот на апсењето Бибер возел изнајмен жолт Lamborghini.
Бибер бил уапсен по посета на ноќен клуб од каде заминал во придружба на модел.
Ова не е прв скандал поврзан со Џастин во новата година. Имено, се води полициска истрага откако некој од куќата на Бибер фрлал со јајца кон соседна куќа при што била направена штета од 20.000 долари.