Сури Круз порасна во прекрасна млада девојка. Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс стана матурантка оваа година.
18-годишната девојка изгледаше шармантно додека се упатуваше на нејзината матурска прослава. Сури беше придружувана од својот матурски партнер Тоби Коен, а папараците не пропуштија да го „уловат“ нивното дружење со соучениците.
За овој специјален ден, Сури избра да носи впечатлив фустан со корсет, кој одлично ја истакна нејзината витка линија.
Фановите на Кејти се едногласни дека Сури е нејзина мини копија.
Сури е единственото заедничко дете на Кејти и Том. Тие беа во брак од 2006 до 2012 година.
Никогаш не беше потврдена причината за разделбата, но наводно главен фактор беше религиозната определба на Том, односно скиентологијата.
Странските медиуми постојано пренесуваат дека по разводот, Том воопшто нема контакт со Сури.