Парис Џексон, ќерката на познатиот музичар Мајкл Џексон, била пренесена в болница откако се обидела да си го одземе животот.
Мајката на Парис, Деби Роу, потврдила дека 15-годишната девојка се обидела да се самоубие, пресекувајќи си вена на раката.
Во моментов Парис е во стабилна состојба.
Пред несреќниот случај, Џексон на Twitter испратила порака со стих од хитот „Yesterday“: „Yesterday, all my troubles seemed so far away now it looks as though they're here to stay“.
Адвокатот на Кетрин Џексон, мајката на Мајкл, изјавил: „Парис физички е добро и добива соодветна медицинска помош. Да си чувствителна 15-годишна девојка е тешко без разлика која си. Особено е тешко кога ќе ја изгубиш личноста која ти е најблиска.“
Овој месец изминуваат четири години од смртта на Мајкл Џексон.