Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ќерката на Мајкл Џексон проговори за обидите за самоубиство и сподели дека била сексуално нападната на 14 години

Ќерката на Мајкл Џексон проговори за обидите за самоубиство и сподели дека била сексуално нападната на 14 години

Парис Џексон проговори за интимни моменти од својот живот во интервју за списанието Rolling Stone. 18-годишната девојка отворено зборуваше за обидите да си го одземе животот, за смртта на нејзиниот татко Мајкл Џексон, како и за сексуалниот напад кој ја фрлил во депресија.

Парис Џексон

Легендарниот пејач почина кога Парис имаше само 11 години. За големата загуба таа изјави: „Секогаш велат дека времето лекува, но е така. Едноставно се навикнуваш. Живеам со ставот дека го изгубив единственото нешто кое ми беше важно. Движејќи се напред, што и да се случи лошо, не може да биде толку лошо колку тоа што помина, па можам да го поднесам.“

По смртта на Мајкл, животот на младата девојка започнал да излегува од контрола. Таа страдала од депресија и се борела со зависност од наркотици. Разнишаното ментално здравје довело до неколку обиди за самоубиство. Парис признала дека се обидела да се самоубие неколку пати, но јавноста знае само за еден обид.

Во 2013 година, таа си ги пресече вените и испи 20 апчиња за болка. „Тоа беше знак на самоомраза, ниска самодоверба, мислев дека не можам да направам ништо правилно и дека не сум вредна за да живеам повеќе“ – раскажува таа.

Една од причините за депресијата на Парис била тајна која таа добро ја сокривала од блиските – сексуален напад. Кога имала само 14 години, таа била нападната од повозрасен непознат човек. „Не сакам да откривам многу детали. Но, тоа воопшто не беше добро искуство и ми беше многу тешко, а во тоа време, не кажав никому“ – раскажува таа.

Парис Џексон

Во длабокото интервју, Парис призна и дека верува дека Мајкл беше убиен. „Апсолутно. Очигледно е. Сè укажува на тоа. Звучи како теорија на заговор или како будалаштини, но сите негови вистински фанови и сите од семејството го знаат тоа. Беше наместено“ – признава таа.

Парис Џексон Парис Џексон

По своето тело, Парис има околу 50 тетоважи, а девет од нив се посветени на Мајкл. „Тој ми носеше само радост. Па, зошто да немам постојани потсетници на радоста?“ – тврди таа.

Иако наследи милиони од својот татко, Парис вели дека сака сама да заработува. Моментално нејзината желба е да работи како модел. За првите чекори во модната индустрија таа вели: „Имав проблеми со самодовербата навистина, навистина долго време. Многу луѓе мислат дека сум грда и многу луѓе не мислат така. Но, има моменти кога работам како модел и заборавам на проблемите со самодовербата и се фокусирам на она што ми го зборува фотографот – се чувствувам убава.“

Минататa недела Парис снимаше фотосесија за Шанел во Париз.

Парис Џексон Парис Џексон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.