Парис и Принц Џексон присуствуваа на 75-тото издание од доделувањето на наградите „Тони“.
Двете деца на Мајкл Џексон на сцената објавија дека мјузиклот за нивниот покоен татко е номиниран за Најдобар мјузикл.
„Многу луѓе сметаат дека нашиот татко Мајкл Џексон засекогаш ја промени популарната музика. Но, она што луѓето можеби не го знаат е дека тој ги обожаваше мјузиклите, во филмовите и на сцената. Поради тоа сме неверојатно почестени што ја претставуваме првата номинација за најдобар мјузикл, ‘MJ:The Musical’, кој користи многу од неговите иконски хитови...“ – рече 25-годишниот Принц.
Парис и Принц позираа со Мајлс Фрост, кој го портретира Мајкл Џексон во „MJ:The Musical“ на Бродвеј.