Поминаа девет години од смртта на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон. Прерано починатиот пејач вчера ќе наполнеше 60 години, па по повод неговиот јубилеен роденден, беше организиран настан во Лас Вегас.
За да му оддадат почит на својот татко, неговите деца Парис и Принц Џексон се појавија на црвениот тепих и на сцената.
20-годишната Парис и 21-годишниот Принц заедно позираа на црвениот тепих, а подоцна ја примија наградата „Elizabeth Taylor Legacy Award“ која постхумно му беше доделена на нивниот татко.
Парис и Принц се деца на Мајкл Џексон од неговиот брак со Дебора Роу.