Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ќерката на Мајкл Џексон прекрасна во „Glamour“

ФОТО: Ќерката на Мајкл Џексон прекрасна во „Glamour“

Парис Џексон е подготвена да го освои светот, но не заради тоа што е „ќерката на Мајкл Џексон“, туку поради својот талент.

Амбициозната тинејџерка зрачи со самодоверба на фотографијата во „Glamour“, која се фокусира на нејзините прекрасни зелени очи.

Парис ЏексонПарис Џексон

Во интервјуто за списанието, 14-годишната единствена ќерка на Џексон вели: „Го сакам татко ми и сум горда што сум негова ќерка. Само што мислам дека титулата ќерка на Мајкл Џексон не ми одговара. Многу луѓе мислат дека татко ми е единствената причина поради која успевам, но сакам да покажам дека имам талент и дека можам да успеам ако се обидам. Сакам да бидам своја личност “.

За разлика од својот татко, Парис планира да влезе во филмската индустрија. Таа веќе има улога во филмот „Lundon's Bridge and the Three Keys“. „Многу луѓе не сакаат да бидам актерка, но тетка ми Ла Тоја верува во мене. Таа ме слушна како пеам и свирам на гитара. Навистина ме охрабрува, а тоа е прекрасно од нејзина страна“ – изјавила таа.

Ла Тоја Џексон, Парис и нејзините браќа, Принц и Бленкет Ла Тоја Џексон, Парис и нејзините браќа, Принц и Бленкет Парис на TwitterПарис на Twitter

Парис вели дека никогаш не ја следела толпата и дека понекогаш е исмејувана токму поради тоа што е различна. „Врсниците од класот не ме сакат мене и мојот пријател, затоа што сме поразлични. Не сме имитатори. Принц ме нарекува „гот“, но јас сум повеќе rock ‘n’ roll. (Слушам постара музика како AC/DC). Многу деца од мојот клас ме исмејуваат. Ако треба да ги советувам другите девојки, би рекла: Опуштете се и игнорирајте ги. Не треба да ве вознемируваат, без разлика колку популарни си мислат дека се“ – рекла таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.