Хејли Скот во изминативе години бавно, но сигурно, гради стабилна мрежа на следбеници на Instagram.
23-годишната ќерка на Еминем веќе има над 1,4 милиони следбеници, а со најновата објава на социјалната мрежа, намами многу комплименти поради својата фит фигура.
Иако има диплома по психологија од Државниот универзитет во Мичиген, Хејли засега е фокусирана на заработка од нејзиното влијание на Instagram.
Хејли го заврши средното училиште со пофалби и беше прогласена за кралица на матурската вечер, по што изјави дека мајка ѝ и татко ѝ се највлијателните личности во нејзиниот живот. „Тоа се моите мајка и татко, бидејќи ме направија личноста која што сум сега и ми ја пружија целата поддршка која ја имам“ – рекла таа.
Хејли е ќерка на Еминем, чие вистинско име е Маршал Брус Метерс, и Кимберли Ен Скот, кои двапати имаа стапено во брак. Тие се разведоа по вторпат во 2006 година, но се согласија на заедничко старателство над Хејли.