Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ќерката на Елвис Присли почина од срцев удар два дена по појавувањето на Златен глобус

Ќерката на Елвис Присли почина од срцев удар два дена по појавувањето на Златен глобус

Лиса Мери Присли почина на 54-годишна возраст.

Ќерката на легендарниот Елвис Присли синоќа имала срцев удар во својот дом во Калабасис кратко време откако се пожалила на болки во стомакот. Пејачката била одведена во болница, но за жал не успеала да се избори за својот живот.

Лиса Мери Присли

Нејзината мајка Присила ја потврди лошата вест.

„Со тешко срце морам да ја споделам ужасната вест дека нè напушти мојата убава ќерка Лиса Мери. Таа беше најстрасната, најсилната и најгрижливата жена која некогаш сум ја познавала. Ве молам за приватност додека се обидуваме да се справиме со оваа огромна загуба. Ви благодарам на сите за љубовта и молитвите“ – стои во нејзината изјава.

Лиса Мери Присли Лиса Мери Присли

Пред само два дена, Лиса Мери со мајка си присуствуваше на доделувањето на наградите Златен глобус и беше пресреќна кога Остин Батлер го доби глобусот за Најдобар актер за портретирањето на нејзиниот татко во филмот „Elvis“. Во кратко интервју на настанот, таа сподели дека филмот многу ѝ се допаднал и дека имала можност да се запознае со Остин.

Лиса Мери Присли

Лиса Мери е едиснтвено дете на Елвис и Присила.

Лиса Мери Присли Лиса Мери Присли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20945 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.