Кејли Куоко и Хилари Свонк се во напредната бременост, но тоа не ги спречи да блеснат на доделувањето на Златните глобуси.
Двете трудници се појавија во елегантни креации придружувани од своите партнери. Хилари блесна во зелена креација од Прада која имаше црни панделки на рамената. Својот стајлинг го комплетираше со дијамантски обетки од Tiffany & Co.
48-годишната актерка си го галеше трудничкото стомаче додека позираше со партнерот Филип Шнајдер.
Куоко ѝ дозволи на Вера Ванг да ја облече за престижната манифестација, која се одржува по 80-ти пат. 37-годишната актерка носеше креација во лаванда нијанса додека позираше со саканиот Том Пелфри.