Селена Гомез со слатка придружба пристигна на синоќешната манифестација по повод доделувањето на наградите Златен глобус.
30-годишната пејачка беше придружувана од 9-годишната сестричка Грејси. Двете сестри прегрнати позираа пред фоторепортерите, а подоцна Селена нежно ја бакна неодоливата Грејси.
Грејси носеше златно кратко фустанче и складни обувки и чанта, а Селена избра раскошна креација со волуменозни ракави од Валентино.
Селена беше номинирана во категоријата Најдобра ТВ актерка во мјузикл/комедија за серијата „Only Murders In The Building“, но не победи во неа.