Илјадници фанови на Елвис Присли традиционално се собраа пред Грејсленд, неговиот имот во Мемфис, ноќта пред 40-годишнината од неговата смрт.
Држејќи свеќи во рацете, бројните обожаватели му оддадоа почит на Кралот на рокенролот.
Меѓу нив беа и Присила и Лиза Мари Присли.
72-годишната поранешна сопруга и 49-годишната ќерка на Елвис беа во топлата која го славеше животот и делото на легендарниот музичар.
Елвис почина на 16 август 1977 година на 42-годишна возраст.