Во Загреб, се одржа свеченост која собра многу хрватски ѕвезди на едно место.
По повод 22-риот роденден на Story.hr, на црвениот тепих во Mozaik Event Centar зачекорија славни личности како Нина Бадриќ, Јелена Розга и Данијела Мартиновиќ.
Трите музички ѕвезди шармираа во впечатливи стајлинзи.
Бадриќ се појави на настанот во краток бел фустан со впечатлив ракав.
Розга мамеше погледи во модерен црвен костум од својот омилен бренд eNVy room. Таа се закити со наградата Регионална ѕвезда.
Данијела изгледаше како барбика во розова креација, која ја надополни со бисерен накит. Нејзе ѝ беше врачена наградата за Најдобра пејачка.