Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас го продаваат нивниот дом во Њујорк.
Славните актери одлучија да се збогуваат со семејната куќа откако нивните деца се иселија од неа и повеќе не живеат со нив.
„Кога го купував овој дом, знаев дека нашето семејство ќе има многу среќни моменти тука. И имаше. Сега, кога нашите син и ќерка го напуштија семејното гнездо, сметам дека е вистинско време за продажба“ – изјавила Кетрин. Таа ја купи оваа куќа во 2019 година за 4,5 милиони долари.
Целиот имот се протега на површина од 48.000 m2, а денес се продава за 12 милиони долари.
Кетрин и Мајкл имаат две деца, 23-годишниот Дилан и 21-годишната Карис.