Како мал нè забавуваше во филмовите „Сам дома“, а сега Меколи Калкин ја доби најважната улога во животот.
Популарниот актер стана татко откако неговата сакана Бренда Сонг роди момче пред една седмица. „Пресреќни сме“ – накратко коментирал парот.
Бебето го добило името Дакота во чест на сестрата на Меколи која почина во 2008 година на 29-годишна возраст.
40-годишниот актер и 33-годишната актерка се во врска повеќе од три години.
Меколи е еден од најуспешните детски актери на светот.